Ова е полицаецот од Србија кој обљубил 13-годишно девојче: Откриени и мрачни тајни од неговиот живот

Фото: Принтскрин

Српски полицаец со иницијали В.Ж. уапсен е и одреден му е притвор до 30 дена, бидејќи е осомничен дека обљубил 13-годишно девојче, другарка на неговиот син, пренесува еспресо.рс.

Полицискиот службеник е осомничен дека од март до апсењето, користејќи ја незрелоста на девојчето, со неа прво стапил во контакт, а пота извршил и недозволени полови односи.

Како што раскажувале неговите соседи за српските медиуми, тој одамна бил познат по своето проблематично и агресвно однесување.

– Доживеа голема семејна трагедија, детето му се удави и од тогаш тој целосно се промени. Си најде нова жена, но потоа тргна во погрешен правец – изјавуваат соседите на осомничениот В.Ж., за српските медиуми.

Според овие кажувања, полицаецот В.Ж. бил татко на три малолетни деца, од кои едниот од нив бил школски другар со 13-годишното девојче кое тој го обљубил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот