Ова е најдлабокиот бунар на светот: До него водат 3.500 скалила, а изграден е пред 1.200 години (ФОТО)
Чанд Баори е најдлабокиот бунар на светот и до него е можно да се дојде без оглед на периодот од годината бидејќи поради начинот на кој е осмислен секогаш е полн со вода.
Бунарот со 3.500 скалила, кои се спуштаат на длабочина од 35 метри се наоѓа во селото Абханер, а изграден е пред околу 1.200 години.
Опкружен е со мрежа скали од три страни, додека од четвртата се наоѓа комплексот на кралската резиденција и сцена со раскошно украсени скулптури и орнаменти.
Ѕидовите и скалите се направени од темен вулкански камен, кој го спречува истекувањето на водата, па за време на монсунските дождови бунарот се полни скоро до врв.
Некогаш Чанд Баори имал вистинска функција на бунар, а денес водата во него не е за пиење. Сепак, оваа градба станала позната туристичка атракција, но и омилено место за собирање на локалното население.