Фото: Daniel Heuclin / AFP / Profimedia

Отровот од пајак што предизвикува ерекција може да биде новата вијагра: Научниците создаваат необична крема

Научниците развиваат алтернатива на вијаграта, направена од отров од пајак што доведува до долготрајна ерекција по каснување. Истражувачите во Бразил веруваат дека успеале да направат синтетичка верзија на клучната молекула од отровот на бразилскиот скитник пајак (Phoneutria nigriventer), и се надеваат дека наскоро ќе ја тестираат на мажи со еректилна дисфункција, објави „ИФЛ Саенс“ (IFLScience).

Отровот на овој вид пајаци е многу опасен и доведува до силни болки, тремор, грчеви, претерано потење, аритмии… Во некои случаи е и смртоносен. Една од последиците од каснувањето на овој пајак е ерекцијата кај мажите која трае неколку часа. Научниците предупредуваат дека иако ова некому може да изгледа безопасно, тоа е многу непријатно искуство кое предизвикува болка и може да предизвика трајно оштетување.

Истражувачите од Универзитетот во Минас Жераис успеале да го идентификуваат биоактивното соединение што доведува до ерекција – пептидот BZ371A – и потоа го синтетизирале во лабораторија. По прелиминарните тестови на глувци, тие се надеваат дека ќе ја започнат втората фаза од клиничките тестови на мажи кои страдаат од импотенција.

Соединението BZ371A ќе се користи како дел од кремата што ќе се нанесува на пенисот, предизвикувајќи собирање на крвта, што дополнително води до ерекција, но без никакви несакани ефекти од самиот отров на пајакот. Сепак, прашање е дали ќе најдат волонтери за ова тестирање.

– Досегашните тестови покажаа дека соединението делува со минимално нанесување на кремата и дека потоа го нема во крвотокот. Голема предност е што кремите побрзо ги поминуваат тестовите бидејќи има помалку несакани ефекти. Покрај тоа, лекот покажа дека нема никакви несакани ефекти дури и кога се дава како инјекција во големи дози – изјави Марија Елена де Лима, професорка на Универзитетот во Минас Жераис, која со години го проучува ова соединение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот