
Откриено тајното оружје на ракот: Научниците објавија што им дава енергија на туморите за ширење во телото
Клетките на ракот можат да ги „украдат“ митохондрите – изворите на енергија во внатрешноста на клетките – од блиските нервни клетки, со што ја зголемуваат својата способност за преживување и ширење.
Препорачано
Овој новооткриен механизам би можел да го отвори патот за развојот на новите терапии за агресивни форми на ракот, покажало новото истражување под водство на Симона Грелета од Универзитетот Јужна Алабама, а истражувањето било објавено во магазинот „Природа“ (Nature).
Иако веќе е познато дека невроните го стимулираат растот на туморите преку сигнали и протеини, досега не беше јасно дали тие би можеле да ги споделуваат и митохондриите со клетките на туморот.
Од лаборатории до живи организми
Тимот на Грелета во лабораторијата споил клетки на рак на дојка кај глувци (означени со црвена боја) со нервни клетки чии митохондри биле означени со зелена боја. Во временски интервал од неколку часа, митохондрите преминале од невроните во клетките на ракот.
Следен чекор – нови лекови
Во примероци од осум жени со метастатски рак на дојка, клетките на ракот од оддалечените делови на телото имале во просек повеќе од 17 отсто митохондри од оние во самата дојка. Во еден примерок од ракот на простата, клетките кои биле поблиску до нервите содржеле значително повеќе митохондрии.
„Веруваме дека ова би можело да биде универзален механизам којшто го користат сите видови тумори“, изјавил Густаво Ајала од Универзитетот во Тексас, еден од коавторите на студијата.
„Крадење“ митохондрии
„Крадењето митохондри очигледно им помага на клетките на ракот полесно да совладаат низа препреки“, велат авторите на студијата.
Американските научници сега планираат да развијат лекови кои би го блокирале овој процес, со што би се овозможило превенција при ширење на ракот.