
Откриен најсексапилниот јазик на светот: Се зборува во Европа и не е францускиот
Францускиот повеќе не е најсекси јазик во светот, објави платформата за учење јазик „Бабел“. Истражувањето, во кое беа вклучени испитаници од Велика Британија, Франција, Шпанија, Италија, Германија и САД, покажа дека на повеќето луѓе италијанскиот јазик им е најсекси и најстраствен, пишува „Јуроњуз“.
Препорачано
Резултатите покажаа дека мнозинството луѓе кои учествувале во студијата сметаат дека италијанскиот е најпривлечен и најромантичен. Според ова истражување, англискиот јазик е најкултурен, а германскиот најдиректен.
„Постојат одредени карактеристики на италијанскиот јазик кои можат да придонесат за неговата привлечност“, објасни Ноел Волф, наставник по јазик во „Бабел“, за британскиот „Дејли мејл“.
„Подемот и падот на јачината на говорниот италијански јазик може да создаде музикалност на јазикот, квалитет што некои луѓе го сметаат за шармантен и привлечен. Одредени фонетски карактеристики, како што се тркалањето на звуците „Р“ (R), може да се препознаат во италијанскиот јазик, што на многу луѓе им е шармантно или привлечно“, објасни тој.
Истражувањето го разгледа и ставот на луѓето кон партнерите кои зборуваат различни јазици. Според истражувањето, повеќе од 70 отсто од анкетираните Британци рекле дека учењето јазик ќе помогне да се поттикне посилна емоционална врска меѓу нив, доколку англискиот на романтичниот партнер не им е прв јазик.
Италијанскиот јазик е познат по својата мелодија и убавина, што го прави еден од најатрактивните јазици во светот.
Припаѓа на групата романски јазици и е официјален јазик во Италија, Сан Марино, Ватикан, како и во делови од Словенија и Хрватска.
Италијанскиот јазик се смета за релативно лесен за учење, особено за оние кои веќе зборуваат еден од романските јазици. Забавно е и лесно се изговара, најслично на францускиот. Италијанската граматика, сепак, е доста сложена, со два рода и многу времиња. Италијанскиот јазик добил многу зборови од латинскиот, но содржи и позајмици од други европски јазици.