Откажани речиси сите вечерашни летови на Скопскиот аеродром

Фото: илустрација / Rawpixel

Сите слетувања и полетувања од скопскиот аеродром предвидени за вечерва се откажани, објави аеродромот на својата веб-страница.

Откажани се авионите кон Виена и Загреб кои се предвидени рано утрото, како и летовите кои треба да пристигнат од Осло и Франкфурт. За летовите кој Малме и Копенхаген, на веб-страницата пишува дека доцнат два, односно три часа.

Фото: https://skp.airports.com.mk/

Претходно вечерва, авион на „Визер“ на релација Хамбург-Скопје десетина пати кружеше и безуспешно се обидуваше да слета на скопскиот аеродром, обвиен во густа магла.

Маглата и намалената видливост веќе неколку дена по ред предизвикуваат проблеми во авиосообраќајот. Повеќе летови од и кон Скопје или доцнеа или беа пренасочувани кон околните аеродроми во Приштина, Охрид или Софија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот