Фото: EPA/ENNIO LEANZA

Откажан натпревар од битката за СП: Фудбалерите одбиле да се качат во авион

Квалификацискиот натпревар за Светското првенство помеѓу Малави и Екваторска Гвинеја беше откажан во последен момент, откако гостинскиот тим наводно не успеал да пристигне навреме поради спор со сопствената фудбалска федерација. Натпреварот требаше да се одигра во четврток навечер на Националниот стадион Бингу во Лилонгве, главниот град на Малави, пишува британски „Сан“

Само неколку часа пред почетокот, Фудбалската асоцијација на Малави (FAM) објави дека натпреварот е откажан поради „непредвидени компликации со патувањето“ кои ја зафатиле гостинската екипа. Нивното соопштение гласи:

„Фудбалската асоцијација на Малави сака да ја информира јавноста дека квалификацискиот натпревар за Светското првенство на ФИФА помеѓу Малави и Екваторска Гвинеја, кој беше закажан за денес во 18:00 часот на Националниот стадион Бингу, нема да се одржи поради непредвидени компликации со патувањето кои влијаат врз гостинскиот тим.

ФИФА официјално го откажа натпреварот, a новиот термин дополнително ќе биде одреден.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот