Отиде предалеку: Дали САД е веќе во рецесија?

Коронавирусот би можел да го зададе конечниот удар на најдолгата економска експанзија во американската историја. Тоа може да се гледа и од друг агол: најдолгата економска експанзија во историјата на САД може веќе да е готова, а нејзиниот џелат е епидемијата на коронавирусот, пишува Блумберг.

Американското биро за статистика објави дека невработеноста е падната на 3,5 проценти, па заради тоа делува глупаво да се збори за рецесија кога работни места има во изобилие. Но рецесијата не е тоа време кога работите одат на лошо, туку кога не одат толку добро како што оделе кога била кулминацијата. И обратно, експанзијата почнува кога економијата ќе допре дно и ќе почне да закрепнува.

Кога историчарите на економијата ќе се свртат кон деновиве, може ќе проценат дека овој февруари е кулминацијата на најдолгиот забележан напредок откако американското Национално биро за економски истражувања бележи податоци, а тоа е од 1854 година.

Тоа не би било прв пат САД да се во рецесија, а тоа да не го знаат. Во летото 2008 година, се предвидувало пристоен економски раст и за наредната година – иако рецесијата почнала претходниот декември како што подоцна утврдил комитетот на Националното биро за економски истражувања.

Февруарскиот извештај за невработеност се заснова на податоците до 12 февруари, а од тогаш многу работи се промениле. До тој датум немаше забележани случаи на коронавирус во САД, до 5 март веќе имаше 99, од кои 10 починати, според податоците на Центарот за контрола и превенција на болеста.

Според истражувањето на МИТ, американската економија била во опасност од рецесија и пред епидемијата на коронавирусот. Во јануари шансата САД да влезат во рецесија изнесувала 70 отсто, иако пазарот на акции бил 22 проценти во плус во однос на претходната година, кажуваат податоци на МИТ.

Потоа берзата ослабела, правејќи ги домаќинствата сиромашни, а вработените луѓе песимистични. Како што пишува њујоршката агенција, иако нема многу економисти кои тврдат дека економијата на САД е веќе во рецеија, некои почнуваат да истакнуваат како таа е неминовна.

Марк Занди, главниот економист на Мудиз аналитикс, вели дека веројатноста за рецесија во САД оваа година е барем 50 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот