Отчет на Стефковски: За две години реализирани се или започнати 420 проекти во Гази Баба

Фото: Општина гази Баба

Во изминатите две години реализирани се или започнати со реализација 420 нови проекти во Гази Баба. Ова го нагласи во својот отчет за сработеното во изминатите две години градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски на организиран настан во салата „Македонија“ во општинското основно училиште „Крсте Мисирков.

Цврсто се зафативме со решавањето на децениските проблеми затоа што цврсто верувам дека со ставањето крај на проблемите со недостатокот на фекална канализација, вода за пиење и кал по улиците отвораме пат за нови можности. Токму поради тоа во изминатите две години изградивме нова мрежа на фекална канализација во должина од 21 километар – рече Стефковски кој додаде дека денеска по само две години нема населено место во општината кое нема питка вода за пиење.

Тој пред граѓаните потсети дека годинава е реализирана најголемата акција за асфалтирање на локални улици, но и дека се изградени 18 спортски терени со тартан подлога во Ченто, Гоце Делчев, Автокоманда, Кирил Петрушевски, Керамидница, Колонија, Триангла, Идризово и други населени места. Изградени се и 4 спортски терени на подлога од вештачка трева во Стајковци, Инџиково, Страчинци и Автокоманда и поставени фитнес зони на отворено во Триангла, Керамидница и Колонија.

Образованието е столбот на секое општество. И токму поради тоа во изминатите две години инвестиравме 43.000.000 денари во општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба со цел обезбедување на подобри и поквалитетни услови за образование и воспитание на нашите деца. Дополнително комплетно ја изградивме и ја предадовме во употреба новата училишна сала на ООУ „Кирил и Методиј“ во Стајковци, а истовремено започнавме со изградба на нова училишна сала во ООУ „Наум Охридски“ во Булачани. Комплетно ги реконструиравме училишните спортски сали во ООУ Дане Крапчев во Ченто и ООУ Григор Прличев во Железара. Отворивме сензорни соби за учениците со посебни образовни потреби во ООУ “Наум Наумовски Борче“ во Маџари и ООУ „Дане Крапчев“ во Ченто – рече Стефковски.

Оваа година за прв пат се доделени бесплатни училишни униформи за сите 6800 ученици. Како што рече градоначалникот во својот отчет изградени се и реконструирани 41 детско игралиште во сите населени места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот