Отчет на Орце Георгиевски: За сто дена сработивме повеќе од 50 проекти

Фото: Архива

Градоначалникот на Општина Киссела Вода Орце Георгиевски денеска даде отчет за сработеното во првите сто  дена.

– Досега се реализирани повеќе од 50 проекти. Ставивме ред во урбанистичкиот хаос, ја  интензивиравме легализација на дивоградбите и срушивме објекти каде што има криминал. Ја подобривме комуналната инфраструктура, со тоа шти целосно реконструиравме неколку улици, до крајот на мандатот ќе се погрижам да нема ниту една раскопана улица. На местата на дивите депонии започнавме изградба на паркови. Проблемот со недостатокот на паркинг места почнавме да го решаваме со изградба на паркинг во населба  Драчево и во  Кисела Вода кај бензинската во близина на „Мечкаров“ а почна со изградба и монтажниот паркинг во Расадник, рече Георгиевски.

За прв пат до сега, во централното јадро на Кисела Вода ќе се отвори противпожарна служба.

– Пункт на противпожарната бригада досега имаше во Драчево, но многу куќи и станови изгореа поради не можноста возилата да пристигнат за брзо време. Новата противпожарна служба ќе ги опслужи  и жителите на Сопиште, рече Георгиевски.

Тој информираше дека се работело и во делот на образованието.

– Се реконстуира спортската сала во основното училиште „Невена Георгиева-Дуња, ја реконструиравме спортската сала во ОУ „Партение Зографски“, обезбедивме компјуер за секој наставник, поставивме лифт во ОУ „Кузман Јосифовски- Питу, информира градоначалникот.

Георгиевски нагласи дека во првата година ќе почне со реализација на 70 проценти од ветеното во предизборната програма. Досега најмногу се работело на стопирање на изградба на станбени згради.

– Спречивме изградба на згради спроти МВР. Во зелениот појас некој имаше нацртано маркици, на место на кое е недозволиво да се изградат станбени објекти. По направена ревизија ја избришавме маркицата за градба. Истото се случувало и во Припор. Стопиран е ДУП от за Расадник, со што е стопирана изградбата на сто згради. Во  моментов  се извршени подготовки за објавување на меѓународниот конкурс за изработка на идејно решение. Во Црниче и Пржино висината на објектите ќе биде ограничена на 8.40 метри, а ограничување ќе има и во делот на станбени единици, рече Георгиевски.

За сто дена околу 500 семејства добиле документ за легализација.

– На местото на домот за зависници ќе се изгради рекреативен центар, за што до градоначалникот стигнала петиција потпишана од 1100 граѓани, додаде градоанчалникот на Кисела Вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот