Осветлена новогодишната елка во Солун

Во Солун и официјално од вчера започна празничниот период со осветлувањето на 17-метарската новогодишна елка во присуство на градоначалникот Константинос Зервас и со концерт за присутните, јави дописничката на МИА од Атина.

Елката, исто како и лани, пристигна од планинско село од Халкидик, поставена е на плоштадот „Аристотел“ и с украсена со 100.000 светлечки лед лампиони.

Новогодишен амбиент во Солун / фото:МИАМанифестацијата за осветлување на новогодишната елка ја отвори Филхармонијата на општина Солун, по што следеше и концерт на познат грчки пејач.

Солунскиот градоначалник, кој го притисна копчето за да се запалат сијаличките на елката им ги честиташе празниците на присутните и изрази благодарност до вработените во општината, како и до спонзорите кои ги поддржуваат празничните настани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот