Осветена првата Македонска православна црква во Хрватска, Пленковиќ доби орден

Foto: Boris Scitar/PIXSELL

Првата македонска православна црква во Хрватска, црквата Св. Злата Мегленска беше осветена во саботата во Загреб, а на свеченоста по осветувањето, премиерот Андреј Пленковиќ во име на хрватската Влада го прими највисокото признание на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, во знак на благодарност и искрено пријателство, извести Index.hr.

Највисокото признание на Македонската православна црква, Орденот на свети Климент Охридски, за гостопримството и братската поддршка и помош ѝ беше доделено и на Хрватската епископска конференција (ХБK), а беше примен од пратеникот на претседателот на ХБК, генералниот секретар монсињор Крунослав Новак.

Наградите им ги врачи поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски Стефан, а на свеченоста во Загреб присуствуваа митрополитот европски Пимен и тетовско-гостиварскиот г. Јосиф.

Делегацијата на македонската држава ја предводеше амбасадорот на Македонија, Милаим Фетаи, кој ѝ се заблагодари на хрватската држава за помошта во изградбата на црквата.

Првата македонска православна црква во Хрватска е регистрирана во декември 1993-та. Во 1995 година Загрепската архиепископија ѝ ја дала привремената употреба на црквата на свети Рок во Загреб, и изградбата на црквата света Злата Мегленска, посветена на светителката и маченичка од XVIII 18 век, започна пред девет години.

Премиерот Пленковиќ го изразил своето задоволство од присуството на „голем настан, од вистински историски карактер за македонското малцинство во Хрватска“.

„Навистина сум лично почестен, но пред сѐ ова го гледам како оддавање признание на целата Влада и многубројните луѓе кои сесрдно, со разбирање, почит, отвореност и искрена желба ги поддржаа Македонците во Хрватска, како и сите национални малцинства, затоа што мислиме дека тоа е добро за нашите општества, за културата на инклузивност и особено за положбата на Хрватите во сите соседни земји“, рекол Пленковиќ.

Владата финансиски ја поддржа изградбата на црквата со 935.000 евра, а премиерот му се заблагодарил и на Градот Загреб „кој со години го поддржува македонското национално малцинство“.

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот