Осветен новиот конак во Лешочкиот манастир

Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф денеска изврши осветување на новиот конак во Лешочкиот манастир. Осветувањето беше извршено по вечерната богослужба во пресрет на утрешниот празник Свети Атанасиј зимски.

Денешното осветување на манастирскиот конак е голем настан, бидејќи за првпат по скоро цели 200 години, оваа година кога ги прославуваме големите јубилеи: 700 години од изградбата на стариот манастир и 250 години од раѓањето на светиот игумен Кирил Пејчиновиќ – успеавме да ја завршиме изградбата и да го осветиме оваа прекрасно здание, кое ќе биде украс на ова место под небото, истакна во беседата владиката Јосиф.

Тој посочи дека осветувањето на овој конак е како остварување на аманет за оваа обител на Кирил Пејчиновиќ.

ако остварување на зборовите на просветителот: „никоаш немојте да ми го забраете мојов манастир”. Овие зборови на преподобниот некогашен игумен на овој свет манастир, на нашиот Кирил Пејчиновиќ ни беа постојан мотив да го започнеме возобновувањето на овој манастир, кој поради приликите и неприликите, по мојот избор за митрополит на овие краишта го затекнавме во една позаостаната состојба, но ете имајќи ги на ум овие прекрасни боговдахновени зборови успеавме со изградбата на овој конак да ја започнеме обновата на овој манастирски комплекс, каде во тек се и други градежни активности, рече митрополитот.

Конакот има приемни или гостински простории, административни и канцелариски простории,  простор за секојдневно живеење, библиотека и гостински соби.  Објектот почна да се гради на 1 февруари 2020 година. Беше уредена и надворешноста како и паркинг просторот над конакот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот