Основачот на ФТХ уапсен на Бахамите

Сем Бенкмен-Фрид/Фото Chicago Tribune/TNS/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Полицијата на Бахамите го уапси Сем Бенкмен-Фрид, основачот на неуспешната берза за криптовалути ФТХ, изјави јавниот обвинител на земјата.

Тој денеска ќе се појави пред Судот на Бахамите, соопштија властите на оваа карипска земја. Полицијата соопшти дека Банкмен-Фрид бил уапсен поради „финансиско недолично однесување“ против законот во САД и на Бахамите.

Банкарите предупредуваат дека на пазарот на криптовалути му се заканува пустош

Минатиот месец, ФТХ поднесе барање за банкрот во САД, оставајќи многу корисници без можност да ги повлечат своите средства. Не е јасно колку од луѓето кои имаат средства во берзата ќе ги добијат назад на крајот на стечајната постапка, иако многу експерти предупредија дека тоа би можело да биде мал дел од она што го депонирале. Размената ФТХ им овозможи на корисниците да тргуваат со нормални пари за криптовалути како биткоин.

Македонски кол центар вклучен во голема европска измама со криптовалути

Банкмен-Фрид ќе биде приведен „во согласност со националниот акт за екстрадиција“, се вели во соопштението на јавниот обвинител на Бахамите.

„Претходно оваа вечер, властите на Бахамите го уапсија Самуел Банкмен-Фрид на барање на американската влада, врз основа на запечатено обвинение поднесено од Јужниот округ на Њујорк. Очекуваме да поднесеме обвиненија наутро и ќе имаме повеќе да кажеме“, соопшти американското обвинителство во Менхетен.

Падот на ФТХ погоди крипто пазарот: „Ова е крвопролевање“

Пропаднатиот ФТХ им должи 3,1 милијарди долари на најголемите доверители

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот