Османи: Зад клубот во Благоевград стои фондација од Канада со спротивни позиции од стратешките интереси на државата

Бујар Османи

Клубовите и во Благоевград и во Охрид не прават услуга на македонската и бугарската заедница и не се во рамките на духот на соработка, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој на брифинг со новинарите кажа дека нема да оди на отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград од истите причини поради кои не отишол на отворањето на бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис Трети“.

Прашан како открил кој стои зад инцијативата во Благоевград и кој го финансира отворањето на македонскиот клуб, а не открил кој стои зад бугарските клубови во Македонија, Османи повтори дека не мисли дека отворањето на клубовите е во функција на добрососедството меѓу двете земји.

– Кога дознав кој го финансира клубот, сѐ ми беше јасно. Тоа е една фондација од Канада која има своја веб-страница и доколку ги погледнете позициите кон државата и стратешките интереси, ќе видите дека не е во функција на стратешките интереси на државата и не очекувам да биде во функција на интересите на граѓаните или на односите. Не зборувам дека немаат право, туку не ми се допаѓа оваа тенденција да се злоупотребат заедниците од политички актери. Да не дозволиме некој да ни ја киднапира агендата, рече Османи на прес-конференција.

Сепак, не одговори конкретно на прашањето кој стои зад клубовите во Македонија, туку само кажа дека институциите имаат такви информации.

– Јасно е кој стои зад клубовите во Македонија, таму беше бугарскиот амбасадор, бугарскиот премиер…Немам тука двојни стандарди, напротив сакам да ја вратам агендата во едни нормални добрососедски односи, додаде Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот