Османи – Вучиќ: Решавање на сите прашања меѓу Србија и С. Македонија преку дијалог

Beograd, 18. februara 2021 - Predsednik Republike Srbije Aleksandar Vucic sastao se sa ministrom spoljnih poslova Republike Severne Makedonije Bujarom Osmanijem. FOTO TANJUG/ ZORAN ZESTIC/bs

На денешната средба во Белград на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи, разговарано е за зајакнување на добрососедските односи меѓу двете земји, преку решавање на сите прашања преку дијалог, подобрување на економската соработка и взаемна поддршка на европскиот пат, јави дописникот на МИА од Белград.

-Претседателот Вучиќ ги наведе сите конкретни проекти кои би придонеле за подобро поврзување и економска соработка меѓу двете земји, како што се модернизација на пругата кон Скопје и зајакнување на инфраструктурата на граничните премини, соопштија од Кабинетот на српскиот претседател.

Вучиќ кажа дека добрите односи меѓу Србија и Северна Македонија се од најголема важност за целиот регион и го посочи „мини Шенген” како пример за успешна соработка, за доброто на граѓаните и од економска корист на земјите, активно вклучени во таа иницијатива. Тој ја издвои важноста на Меморандумот потпишан од Србија, Северна Македонија и Албанија, кој овозможува заемна помош и соработка на здравствените системи за лекување на пациенти со КОВИД-19.

Министерот Османи се заблагодари за донацијата на вакцини што претседателот Вучиќ во неделата му ја предаде на премиерот Заев и со што се овозможи вакцинирање на македонските граѓани, што разбудило нова надеж.

Вучиќ, исто така изјави дека Србија ги поддржува евроинтеграциите на Северна Македонија.

Двајцата разговарале и за подобрување на положбата на Србите во Северна Македонија, односно на Македонците во Србија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот