Дијаспората со слаб интерес за самопопишување

фото: МИА

Над 64 илјади македонски државјани што живеат во странство, до вчера во осум часот, ја исполниле должноста да се самопопишат преку апликацијата на Државниот завод за статистика.

Сепак, надлежните не се задоволни со бројката и се надеваат дека во наредните 34 дена, нашите иселеници ќе се мобилизираат, со цел да се добие реална слика за големината на дијаспората.

-Најновиот пресек покажува дека на прво место на самопопишани иселеници е Швајцарија, со 16 илјади, а тоа е само една четвртина од очекуваната бројка на наши државјани што живеат во оваа земја, која ја базиравме на информациите од дипломатско-конзуларните претставништва.

Следуваат Германија со десет и Италија со шест илјади попишани иселеници, информира министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Според шефот на дипломатијата, најслаба активност во процесот покажала дијаспората во Канада и Австралија, па затоа МНР ќе работи на дополнителна промоција на пописот. Османи ваквите резултати ги образложува со оддалеченоста и неинформираноста на граѓаните, додавајќи дека рано е да се зборува за проценки за успешноста на пописот.

-Немам информација ниту од нашите ДКП, ниту од личните контакти дека некој активно бојкотира или дава отпор за попишување, но не можам да ја исклучам и таа причина, бидејќи не можеме да ги контактираме сите за да го знаеме нивното мислење, тврди Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот