Османи на работен појадок со шефовите на дипломатијата и специјалните претставници за Западен Балкан

Фото: МНР

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во рамки на Бледскиот стратешки форум учествуваше на работен појадок што го организираше словенечката министерка за надворешни работи, Тања Фајон. Главна тема, како што информираат од Министерството за надворешни работи била евроинтеграцијата на земјите од регионот и нивна стратешка определба.

Како што соопшти МНР, на појадокот учествувале и шефовите на дипломатијата на Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија. Покрај министрите од државите на Западен Балкан, на состанок учествуваа и специјалните претставници за Западен Балкан на Словенија, Анжеј Франгеш, на Норвешка, Арне Санес Бјорнштад, на Велика Британија, лорд Стјуарт Пич и на Австрија, Јоханес Ајгнер.

Османи нагласил дека покрај јасна временска рамка за следното проширување на Унијата, концептот на забрзана интеграција на регионот пред членството ќе донесе поголема предвидливост, стабилност и ќе го зајакне кредибилитетот на политиката за проширување.

Со нетрпение ги очекуваме предлозите за конкретна операционализација на овој нов концепт, кој според нас би бил од клучно значење за надминување на разликите и забрзување на процесот на целосна интеграција во ЕУ. Во исто време, овој пристап би имал значително позитивно влијание врз клучните предизвици со кои се соочуваме денес: растечки евроскептицизам и намалување на влијанието на малигните активности на трети актери кои имаат за цел да ги поткопаат демократските институции и да ја дестабилизираат земјата и регионот, истакнал Османи.

Од Министерството додаваат дека Османи ги брифирал соговорниците за актуелните состојби во земјава, заложбите во рамки на регионалната соработка и пошироко, како во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа и Организацијата за безбедност и соработка на Европа, со кои земјата претседава, така и во рамки на НАТО Алијансата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот