Османи контра Лавров: Не Западот, туку Русија е виновна за проблемите на Балканот

Бујар Османи и Сергеј Лавров / Фото: Robert ATANASOVSKI / / AFP / Profimedia

Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи на завршната прес-конференција на Самитот на ОБСЕ во Скопје ги негираше коментарите на рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров, кој претходно изјави дека Западот е виновен за немирите на Балканот.

„Јас целосно не се согласувам со коментарите на Лавров. Не Западот, туку Русија е таа која го дестабилизира регионот преку латентни и видливи чекори и прокси играчи. Тие се обидоа во Северна Македонија за време на Референдумот за влез во НАТО во 2018 година, се обидоа на изборите во Црна Гора, во БиХ, како и во Србија, а со тоа и во Косово“, изјави тој.

Притоа додаде дека Русија е причината за проблемите и нестабилноста во регионот, а решението го гледа во членството во НАТО и ЕУ за сите земји.

Османи рече дека на средбата во средата со американскиот секретар Ентони Блинкен му кажал дека Северна Македонија е „уникатна приказна, односно модел на функционална меѓуетничка демократија во тежок регион“. Зад неа, како што кажа, стои голем печат на САД и Македонија без ниван поддршка немаше да биде тоа што е денес.

Тој потенцираше дека САД се најголем партнер кој помогнал на мирен пат да се решат некои од проблемите со кои се соочувал Балканот низ годините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот