Османи како претседавач со ОБСЕ во посета на Јужен Кавказ

Бујар Османи, министер за надворешни работи/Фото: МИА

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во улога на претседавач со ОБСЕ од денес е во посета на Јужен Кавказ, во рамките на која ќе престојува Грузија, Азербејџан и Ерменија. Османи посетата ќе ја започне од Тбилиси.

Како што соопшти МНР, на агендата на Османи се средби со највисоките државни претставници на Грузија, претседателката Саломе Зурабишвили и премиерот Иракли Гарибашвили, како и со министерот за надворешни работи Илиа Дарчиашвили.

Османи во Грузија ќе ја пренесе и пораката од важноста на улогата на Грузија како земја учесничка на ОБСЕ која е клучно место за меѓурегионалните иницијативи, како и дека ОБСЕ ќе продолжи да дава суштинска поддршка во спроведувањето на заложбите во трите димензии, што пак ќе придонесе за спроведување на внатрешните реформски процеси.

Османи ќе се сретне и со грузиската парламентарна делегација во Парламентарното собрание на ОБСЕ, како и со претставници на граѓанскиот сектор и националните малцинства. Во рамки на посетата, заедно со Мониторинг мисијата на Европската Унија во Грузија, Османи ќе има теренски средби со граѓани од погодените региони со цел директно од нив да дознае повеќе за предизвиците со кои се соочуваат.

Посетата на Османи продолжува во Баку, Азерјбеџан каде што ќе се сретне со државниот врв, а посетата на Јужен Кавказ ќе ја заврши во Ерменија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот