„Оро без граници“ од 19-22 септември

Детскиот културен центар – „Карпош “, од 19 до 22 септември 2019 година по дваесет и осми пат ќе го организира најмасовниот и најстариот  Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“ 2019 – симбол на пријателство меѓу децата.

На фестивалот се поканети гости од Р.Србија-Јагодина, Р.Грција, Р.Словачка и Р.Турција, а покрај гостите од странство ќе учествуваат и македонски ансамбли.

Пред централниот настан, сите гости тргнувајќи од ДКЦ – Карпош го започнуваат фестивалското дефиле кое завршува на плоштад Македонија.

Централниот настан ќе се одржи на 21 септември (сабота) на плоштадот Македонија од 18.30 часот, а фестивалот ќе го отвори Директорката на ДКЦ „Карпош“ д-р Билјана Лалчевска Серафимовска. Фестивалот ќе започне со најпознатите македонски игри и ора кои ќе ги изведат членовите на  играорната секција од ДКЦ „Карпош.

Децата играорци преку шаренолкоста на костимите и оригиналноста во кореографските движења ќе ја претстават традицијата и културата на својата земја и  по 28 пат ќе формираат едно големо „Оро без граници“.

Покрај официјалниот дел, на гостите ќе им бидат претставени атрактивни локации во Градот Скопје:Зоолошката градина, Музејот на илузии, Старата Скопска Чаршија и знаменитостите на Скопје.

Во досегашново одржување на фестивалот, градот Скопје и Македонија биле домаќини на повеќе илјади странски и исто толку домашни деца-фолклорци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот