Орбан ќе ја блокира Украина за почеток на преговорите со ЕУ, потегот бил „целосно предвремен“

Виктор Орбан
Виктор Орбан / EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Унгарија нема да го поддржи предлогот на Европската унија за почеток на преговори за прием на Украина како членка на блокот, изјави Гергеј Гујаш, шеф на кабинетот на унгарскиот премиер.

На прес-конференцијата во Будимпешта, тој посочи дека е прерано да се започнат официјални разговори со Киев за пристапувањето на земјата во ЕУ, разурната од војна, и дека Унгарија нема да даде согласност за започнување дискусии за време на средбата на лидерите на ЕУ во средината на декември

„Имаме работа со целосно предвремен предлог“, рече Гујас, додавајќи дека Унгарија „не може да придонесе за заедничка одлука“ односно покана на Украина да го започне процесот за пристапување во блокот.

На почетокот на овој месец, Европската комисија препорача да и се дозволи на Украина да започне преговори за членство откако ќе ги реши прашањата за управување кои вклучуваат корупција, грижи поврзани со лобирање и ограничувања што би можеле да ги спречат националните малцинства да учат и читаат на нивните јазици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот