„Ора њуз“: Албанија денеска го одбележува денот на младоста, но млади има сè помалку

Денешниот ден, 8 декември, во Албанија се одбележува како Ден на младоста, ден кој е запаметен како историски момент, кога група студенти и професори од Универзитетот во Тирана во 1990 година станаа протагонисти на големата историска пресвртница за промена на диктаторскиот режим.

„Тоа беше време на големи соништа и надежи. Всушност, оттогаш многу нешта се променија. Земјата стана многу послободна од порано, отиде напред, се отвори кон светот, економијата порасна. Денешните млади луѓе се многу поразлични од тогашните, имаат бескрајни можности и избори споредено со пред 30 години. Нивните амбиции се зголемени, но и нивните очекувања за иднината“, наведува „Ора њуз“.

Но, констатира медиумот, во овие три децении реалноста како да не им се приближи на амбициите на младите, зашто во голема мера се покажа дека тие за исполнување на нивните очекувања избрале друго место.

„Податоците на Институтот за статистика, ИНСТАТ, покажуваат дека во 2022 година, возрасната група од 0 до 24 години сочинувала само 30 отсто од населението, наспроти 50 отсто во 2011 година. Во последните две децении, пак, бројот на млади луѓе и деца е помал за околу 570 илјади. Има многу причини. Една од нив е постепеното стареење на населението, донекаде нормален тренд кој дојде со развојот на земјата и промените на животниот стил“, наведува телевизијата.

Сепак, посочува, најголем ефект дава емиграцијата, која не само што не престана, туку и по 2016 година е забрзана, со над 70 отсто бегалци помлади од 24 години, како што произлегоа од податоците на Евростат за барателите на азил и додава дека „си заминуваат семејства со деца, но и многу млади луѓе кои инаку би основале семејства во земјава“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот