Општина Карпош: Одлуката донесена од Советот за испишување на децата од градинките е со сила на закон

Општина Карпош
Општина Карпош/ Фото: Фејсбук

Договорите на директорките за прием на деца од други општини се незаконски бидејќи и претходно имало одлука за реонизација во детските градинки и училишта на територија на Општина Карпош, а истата не била почитувана. Ова е ставот на Општина Карпош по укажувањето на Хелсиншки комитет дека одлуката донесена од Советот на Општина Карпош не може да се применува ретроактивно, односно не може да ги опфати децата кои претходно биле уредно запишани во градинките. Според Комитетот таа може да важи само од моментот на нејзиното донесување, како што е наведено и во самиот текст на одлуката на Општината, усвоена на 20 април 2022 година.

Одлуката донесена од Советот на Општината, потпишана од градоначалникот и објавена во Службен весник е со сила на Закон. Токму затоа ни е драго што Хелсиншкиот комитет се залага за законитост во работењето што кореспондира со работењето во Општина Карпош. Што се однесува до човековите права, Општина Карпош сака да стави до знаење дека и децата од нашата општина имаат право да бидат опфатени со системот за детска заштита, а не да седат дома и да ги гледаат градинките преку прозор во кои се згрижени, воспитувани и образувани деца чии родители не се даночни обврзници на Општина Карпош – велат од Карпош за „Слободен печат“.

За одлуката за испишување на децата кои не се жители на Карпош се огласи и Народниот правобранител, кој укажа дека со донесената Одлука се врши повреда на правата на децата, им се наштетува на овие деца и се постапува спротивно на најдобриот интерес на децата загарантиран со Конвенција за правата на детето и со Законот за заштита на детето, а воедно се постапува и спротивно на Уставот и побара отстранување на констатираната повреда.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот