Опозицијата создава уставна криза, но ние нема да дозволиме, вели Костовски од СДСМ

„Опозицијата со маестрални и театарски претстави во Комисијата за избори и именувања, со филибастеринг се обидува да ги оспори предлозите за уставни судии од мнозинството. Како одговорни пратеници ние нема да дозволиме уставна криза, како што не дозволивме ни парламентарна криза“ изјави пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски, во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека до крајот на неделата ќе може да се изберат двајца уставни судии кои веќе го поминаа филтерот на Комисијата за избори и именувања.

„Уставни судии се бираат по постоечка законска регулатива, каде има определни критериуми и ние не може да работиме поинаку. Предлагам во блиска иднина да седнеме и заедно со консензус да разговараме за промени на законот за избор на уставни судии со цел да имаме поквалитетен, потранспарентен и заеднички избор на судиите“ рече Костовски.

Пратеникот од СДСМ ги оцени како бесмислени сегашните дискусии на опозицијата бидејќи се зборува за сѐ, освен за уставните судии, што според него е „матрицата која ја води ВМРО-ДПМНЕ, очекувајќи дека ќе добијат некакви политички поени“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот