Опожарена куќа во Кичево, пожарот е целосно изгаснат

Возило на македонската пожарна/ Фото: Архива

Пожар попладнево избувнал во куќа во населбата Иванидол во Кичево, којшто со брза интервенција на ТППЕ Кичево бил целосно изгаснат.

„Денес околу 13 часот ни беше јавено дека се појавил пожар во куќа во населба Иванидол. По дојавата  екипа на Терторијалната противпожарна единица од Кичево интервенира на пожарот со едно возило и четири пожарникари. Бидејќи интервенцијата беше навремена, пожарот е целосно изгаснат и спречено е негово натамошно ширење на целиот објект. Од пожарот била зафатена кујната, чадот брзо го забележале соседите и тоа беше причината брзо и да реагираме и да го ликвидираме пожарот“  рече Бране Мирчески од ТППЕ Кичево.

Тој појасни дека во куќата сама живеела жена која во време на избувнување на пожарот била отсутна од домот. Неделава ТППЕ Кичево интервенираше и на два пожара на отворен простор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот