Опасни рокади: Од Чернобил си заминаа дел од работниците, ги заменија доброволци

Работници во 4. Блок на нуклеарната постројка Чернобил во Украина/Фото: EPA-EFE/OLEG PETRASYUK

Дел од работниците на неоперативната нуклеарна централа Чернобил денеска го напуштија објектот по повеќе од три недели, јави Би Би Си.

Вкупно 64 работници заминаа дома, а нив ги заменија 46 доброволци.

Околу 200 работници и припадници на Украинската национална гарда беа блокирани во нуклеарната централа од 24 февруари, првиот ден од војната, кога руската армија го освои Чернобил.

Би Би Си наведува дека, бидејќи руската страна не можела да ја гарантира нивната безбедност ако се обидат да ја напуштат електраната, работниците останале заробени внатре со помали залихи на храна и лекови.

По големата несреќа во 1986 година, електраната продолжи да работи до 2000 година, кога беше исклучена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот