„Опасна нуклеарна реторика“: Столтенберг го осуди говорот на Путин

Столтенберг EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ја осуди „опасната нуклеарна реторика” на рускиот претседател Владимир Путин, кој изјави дека е подготвен да ги искористи „сите средства” од својот арсенал против Западот.

Ова е опасна нуклеарна реторика Ова не е ново … Ќе останеме смирени и ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина, истакна Столтенберг на маргините на сесијата на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Путин при денешното објавување на наредбата за делумна мобилизација, посочи дека Русија има помодерно оружје од она на НАТО и дека доколку постои закана за територијалниот интегритет на Русија, ќе бидат искористени сите средства. Тој додаде дека Западот сака да ја уништи Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот