Онлајн продавница во Грција, која не ги доставувала нарачките казнета со 120.000 евра

Фото: Архива/Слободен печат

Онлајн продавница во Грција, која не ги доставувала нарачките, не им ги враќала парите на потрошувачите по откажана нарачка, но и која била недостапна за контакт, е казнета со 120.000 евра и е привремено затворена со цел заштита на потрошувачите, соопштија од Министерството за развој.

По спроведената детална контрола од Генералниот директорат за пазар и заштита на потрошувачите од Генералниот секретаријат за трговија на Министерството за развој на Грција, биле констатирани сериозни прекршувања на законодавството за потрошувачи.

Нарачките на производите не биле доставувани во договореното време, а за доцнењето потрошувачите не биле информирани; на потрошувачите не им биле вратени парите што ги платиле, а производите никогаш не ги добиле; ги мамеле потрошувачите за достапноста на производите, иако во суштина компанијата не можела да ги исполни нарачките, а исто така била тешка тешка или невозможна комуникацијата на потрошувачите со компанијата.

Министерството за развој на Грција, како што е веќе пракса во вакви случаи со изрекување казни за компании и овој пат јавно го објави името на оналјн продавницата и паралелно ги повика потрошувачите во случај да откријат појави на нефер практики од онлајн бизниси, да поднесат пријава до Секретаријатот заштита на потрошувачи.

Надлежниот министер Костас Скрекас рече дека секој што ќе го прекрши законот ќе се соочи со последици и истакна дека контролите на пазарот ќе продолжат со несмалено темпо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот