ОН: Убиени стотици лица во Авганистан откако талибанците се повторно на власт

Кабул Авганистан талибанец талибанци
Талибанец во Кабул, Авганистан / Фото: EPA-EFE/STRINGER

Убиени се стотици лица во Авганистан откако талибанците се повторно на власт од пред речиси година дена, иако безбедноста во целина е подобрена оттогаш, соопштија денеска ОН.

Мисијата на ОН за помош на Авганистан во својот извештај ги истакна лошата состојба на жените и девојчињата од талибанското преземање на власта и многуте одземени човекови права.

„Нашиот мониторинг открива дека и покрај подобрената безбедносна состојба од 15 август, народот на Авганистан, особено жените и девојките, е лишен од целосно уживање на своите човекови права”, се наведува во извештајот.

Околу 700 лица се убиени, а 1.400 се повредени од средината на август 2021 година, кога талибанците го зазедоа главниот град на Авганистан, Кабул, додека САД и НАТО беа во последните недели од своето повлекување од земјата.

Мнозинството жртви се поврзани со нападите на огранокот на ИД во земјата, огорчен ривал на талибанците што беше насочен кон етничките и верските малцински заедници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот