ОН: Тешко е да се замисли посложена вонредна состојба од онаа во Сирија

Обединети нации / Фото: Архива

Тешко е да се замисли посложена вонредна состојба од онаа во Сирија, изјави Стефан Дујарик, портпарол на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Во интервју за Би-Би-Си, Дујарик истакна дека ова е земја која е во војна 12 години и во која уште пред земјотресот, постои долгорочна хуманитарна криза со повеќе од четири милиони луѓе на кои им е потребна помош.

Тој рече дека голем дел од инфраструктурата во Сирија е уништена или оштетена, вклучувајќи патишта и мостови.

„Згора на тоа, имате исклучително предизвикувачка безбедносна ситуација и имате области каде што треба да посредуваме во преговорите за пристап меѓу владата и бунтовниците, сето тоа среде зима“, додава портпаролот на ОН.

Тој посочи дека Обединетите нации се свесни за страдањата на народот во Сирија и дека не се заинтересирани за политички борби.

„Ние соработуваме со сириската влада. Во последните денови ни помогнаа во процесот на добивање визи и одобрување на ред други работи кои ни беа потребни. Меѓутоа, мораме да преговараме и со бунтовниците“, рекол претставникот на ОН, според Гардијан.

Тој додаде дека во земјотресот загинал и персоналот на ОН, кој бил ангажиран во јужна Турција и северозападна Сирија.

„Изгубивме двајца членови од нашиот персонал“, вели Дујарик.

Во Турција и Сирија, по земјотресот кој остави 5,3 милиони луѓе без покрив над главата само во Сирија, храната е итно потребна за најмалку 870.000 луѓе, предупредуваат од Обединетите нации.

Шефот на директоратот за хуманитарна помош на ОН, Мартин Грифитс оцени дека земјотресот е најлошиот настан во последните 100 години во тој регион.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот