OMД го осуди вандализмот врз црквата „Св. Атанасиј“

Вандализирана црква во Тетово / Фото МИА

Обединетата македонска дијаспора силно го осуди вандализирање на Македонскиот православен манастир Свети Атанасиј во Тетово, Македонија.

„Во жалосен чин на непочитување и нетрпеливост, на мета беше манастирот, свето место за Македонската православна заедница, во време кога верниците свечено постат за православниот Велигденски пост и Рамазан. Овој злонамерен чин не само што ја нарушува светоста на верската институција, туку ги поткопува и принципите на мултикултурализам и верска толеранција кои се суштински за едно кохезивно општество“, реагираат од организацијата.

ОМД, како што пишува во соопштението, се солидаризира со Македонската православна заедница и сите засегнати од овој осудувачки чин.

„Ги повикуваме властите брзо да го истражат овој инцидент и да ги изведат сторителите пред лицето на правдата. Понатаму, апелира за зајакнати мерки за заштита на верските објекти и за поддршка на основните права на сите поединци да ја практикуваат својата вера без страв од прогон или дискриминација“, реагираат од ОМД.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот