Олена Зеленска бара помош од светските лидери за враќање на 19 илјади киднапирани украински деца

Олена Зеленска / Фото EPA-EFE/IDA MARIE ODGAARD

Првата дама на Украина ги повика светските лидери да помогнат да се вратат украинските деца насилно однесени во Русија, каде што таа рече дека се индоктринирани и лишени од нивниот национален идентитет, пренесува АФП.

Зборувајќи на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, Олена Зеленска рече дека повеќе од 19.000 украински деца се префрлени на сила или депортирани во Русија или окупирани територии.

Досега се вратени само 386.

„Во Русија им е кажано дека на нивните родители не им требаат, дека на нивната земја не и требаат, дека никој не ги чека. На киднапираните деца им беше кажано дека тие повеќе не се украински деца, дека се руски деца“, рече Зеленска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот