Оксфорд ќе ја адаптира технологијата за производство на нови верзии на вакцината против коронавирус

epa08951852 The Pfizer-BioNTech vaccine at a vaccination centre in Salisbury Cathedral in Salisbury, Britain, 20 January 2021. More than four million people in the UK have received their first dose of a Covid-19 vaccine, according to government figures. People in their 70s and the clinically extremely vulnerable in England are now among those being offered the vaccine. EPA-EFE/NEIL HALL

Научниците од Универзитетот во Оксфорд се подготвуваат што поскоро да произведат нови верзии на вакцината, кои ќе можат да се изборат со уште позаразните мутации на коронавирусот.

Според британски Телграф, тимот што стои зад вакцината на Оксфорд и АстраЗенека спроведува физибилити студии за адаптирање на технологијата за производство на нови верзии на вакцината.

Портпаролот на универзитетот рече дека Оксфорд внимателно го следи влијанието на мутациите на коронавирусот откриени во Велика Британија, Јужна Африка и Бразил врз имунитетот обезбеден од нивната вакцина и ги проценува процесите потребни за адаптирање на вакцините што е можно побрзо за борба против мутациите на Ковид-19. Тие во моментов ја проценуваат ефикасноста на нивната вакцина врз новите варијатни на коронавирусот, а резултатите треба да биде познати во првата половина од следниот месец.

Сепак, тимот од Оксфорд прифаќа пристап „на ризик” и има намера да започне со синтетизирање на нови верзии на вакцината без да чека да открие дали ќе бидат потребни, а професорката Сара Гилберт – една од водечките научници – „активно работи на тоа”.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека националното регулаторно тело за лекови ќе биде подготвено да одобри нови верзии на вакцината против Ковид-19 за да се спротивстави на новите варијанти на коронавирусот што може да се појават во иднина.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот