Околу 750.000 педофили ги демнат фотографиите на децата на Интернет

Фото: Пекселс/ andrea-piacquadio

Кога основачот на „Фејсбук“ Марк Закерберг неодамна објави фотографија од своето семејство на „Инстаграм“, вниманието на неговите следбеници веднаш го привлекоа емотиконите, односно големите жолти „смајлиња“ поставени над лицата на неговите деца, а ова фотографијата уште еднаш поттикна јавна дебата – дали е безбедно да се објавуваат слики од деца на социјалните мрежи, пишува „Политика.рс“.

И додека податоците добиени од истражувањето на британската веб-страница „Тек перент зон“ (Tech Parent Zone), која се занимава со предизвиците на дигиталната ера, велат дека до петтиот роденден на детето, во просек, родителите објавуваат дури 1.500 фотографии на „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „ТикТок“, експертите од Интерпол предупредуваат дека на интернет во секој момент демнат околу 750.000 педофили.

Во изминатата година 7.607 лица контактирале со стручни лица од Националниот контакт центар за безбедност на децата на интернет во Србија, со цел да добијат совет или помош за користење на информациско-комуникациските технологии.

Податоците добиени од големото европско истражување „ЕУ кидс онлајн“ (EU kids online) кажуваат дека децата во Србија најмногу ги користат социјалните мрежи од целиот континент – дури 86 отсто од децата во соседна Србија користат интернет секој ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот