Околу 150 лица не можат да полагаат за чамци, откако државата остана без софтвер поради Рашковски

Фото; МИА

Софтверот набавен од „Инвока груп“, а за кој ексгенералниот секретар Драги Рашковски е во притвор и осомничен, го закочија и полагањето за управување со чамец, пишуваат „А1он”.

Во пресрет на летната сезона, над 150 лица со месеци чекаат да бидат повикани за да го полагаат теоретскиот дел на Правниот факултет во Скопје. Но, бидејќи нема софтвер за полагање, тие не можат да докажат дека го имаат научено теоретскиот дел, а со тоа, ниту можност за лиценца за управување со чамци.

Од април до сега, двапати им е одлагано полагањето од страна на Капетанија на пристаништата. Како што се претставуваат, група загрижени управувачи на чамци, во допис до „А1он“ велат дека никој не презема ништо за побрзо да се реши овој проблем, а нив тоа ги чини пари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот