Охридската полиција открила 235 метри кубни нелегално пресечени огревни дрва

Дрва за огрев / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Охридската полиција минатата година и заклучно септември месец годинава, откриле 235 метри кубни нелегално пресечено огревно дрво од страна на македонски и албански државјани.

Како што информира СВР Охрид, во континуитет, одделно но и во соработка со Регионалниот Центар за Гранични работи-Запад, Шумска полиција и ЈП Национални Шуми, се преземаат мерки со цел сузбивање на нелегалната сеча на огревни дрва на целото подрачје што го покрива и фаќање на лица сторители на кривичните дела „нелегална сеча на дрва”, пустошење шуми” и „кражба на дрва”.

„Овој вид на криминал најчесто се врши во шумските појаси на планините Караорман, Петринска планина, Галичица поточно во атарот на селата Црвена вода, Скребатно, Ливоишта, Лескоец, Велгошти, Љубаништа, Јабланица, Вишни, Лабуништа, Мали Влај, Франгово, Радолишта.“

При спроведени заеднички и одделни акциски контроли, во текот на минатата 2022 и првите девет месеци од 2023 година, полициските службеници при СВР Охрид, откриле 35 сторители на овие кривични дела (2022-25, септември 2023-10) и вкупно 235,4 м3 нелегално пресечено дабово и буково огревно дрво (2022-41,3, 2023-194,1 за што, се поднесени вкупно 15 соодветни пријави (2022-08, септември 2023-07). Сторителите, најчесто се државјани на РСМ и Република Албанија од кои, еден поголем дел, имаат нерегулиран престој во РСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот