Охрид, Константин Георгиески и новата туристичка сезона

Годинава, се наближува повторно времето кога Охрид лека полека повторно станува културен и општествен центар, а Скопје провинција….набрзо започнува новата туристичка сезона, и Охрид и охридските плажи се повторно во мислите на секој граѓанин во нашата Република.

Агрон, убаво е што пишуваш колумни (ми велат често), но дали некој ги чита? Не знам, одговарам, но знам дека аку не појќе, ете, барем ти си ме прочитал.

Лани во августот од 2020, напишав една колумна за рушењето на дивоградбите по охридските плажи, и за мое пријатно изненадување, актуелниот охридски градоначалник Константин Георгиевски, ме викна на кафе муабет, ја бендисал колумната.

Се почувствував навистина почестен од вниманието кое го покажа првиот човек на Охрид, си разговаравме, така лежерно, дијалектално на охридски, за охридските граѓански проблеми, акцентирајќи ги проблемите околу рушењето на дивоградбите по охридските плажи, причината која што беше и тема на таа моја колумна.

‘Агрон, не знам како изгледа од страна, но не е лесно да си градоначалник на Охрид. Имам жесток притисок од јавноста, од градскиот совет и директно од УНЕСКО за решавање на натрупаните проблеми низ последните декади со дивоградбите по охридските плажи, ти благодарам за јавната поддршка, верувај дека имам голема потреба од позитивност и добронамерност’.

Си поприкажавме за охритските гратски мки и тегоби, си направивме едно селфи за спомен, и си стегнавме рака, без страф од коронавирусот. Тоа беше лани.

Годинава, се наближува повторно времето кога Охрид лека полека повторно станува културен и општествен центар, а Скопје провинција….набрзо започнува новата туристичка сезона, и Охрид и охридските плажи се повторно во мислите на секој граѓанин во нашата Република.

Преку оваа колумна, имам чест да го поканам охридскиот градоначалник Константин, на јавно кафе и на наш замислен и претпоставен јавен разговор.

ЗАМИСЛЕН И ПРЕТПОСТАВУВАЧКИ ЈАВЕН МУАБЕТ ЗА ОХРИДСКИТЕ ПЛАЖИ

Агрон – Почитуван градоначалниче Константин, ви благодарам што го прифативте овој замислен јавен кафе муабет за охридските плажи во новата 2021 туристичка сезона.

Константин – со задоволство Агроне, секогаш сум спремен за конструктивен и позитивен разговор, било вистински или ваков замислен и претпоставен.

Агрон – Лани разговаравме за Градската Плажа Горица 3, и за заштитеното дрво со закон, посадено од Тито и Лазар Мојсов или Лазар Колишевски во 1952 година. Имате ли информација за какво дрво се работи и кој бил поводот.

Константин – Немам сеуште, но ете, веднаш ќе се јавам во охридскиот архив и ќе ги опитам.(зборува со некој архивист и го прашува за дрвото посадено од Тито и Лазар на градската плажа Горица 3 во 1952 година.

Агрон – поминав некни по плажата, и сега изгледа малку грдо, сеуште не е довршено рушењето на дивоградбата, и некои граѓани веќе отворено велат дека пубо беше кк шо си беше, кога плажата беше менаџирана од приватници….така беше пубо, почисто, посредено…..вака, е до секого и од никого. Имате ли соработка со невладините еколошки организации и поединечните екологисти?

Константин – тоа е само кратка моментална слика. Од нашиот сектор за животна средина во општината веќе се започнати со доброволни еколошки акции i набрзо активистите за животна средина од општинава ќе започнат во координација со градски Комуналец да чистат по плажите, значи општинскиот и невладиниот еколошки сектор веќе соработуваат за читење и дочистување на плажата и плажите. Општина Охрид, преку охридскиот совет, успеа да исдејствува за 150 иљади евра донација од владата на Македонија за рушење и дорушување на дивоградбите по плажите. Истотака, предвидуваме, некаде 30% од просторот што го зафаќа плажата Горица 3, да му ги отстапиме на здружените еколошки невладини организации во Охрид, за тие да ги средат хортикултурно. Ние да ги поддржиме како општина и општински комуналец, а тие, еколошките активисти, секоја година, посебно пред почетокот на туристичката сезона, доброволно да допринесат со нивната доброволна работа и нивни креативни идеи за тој 30% простор во Плажата Горица 3.

Агрон- Одлична, прекрасна идеа, господине градоначалниче. Имате ли и други вакви иновативни идеи?

Контантин- Имаме и една многу амбициозна идеа, која ќе ја споделам со вас и со јавноста во овој наш замислен јавен разговор. Јас лично и многу охридски советници од охридскиот совет, би сакале општинската зграда да ја преместиме во убавата куќа која се наоѓа на плажата Горица 3.

Агрон – Па оваа е уште по феноменална идеа од првата. Тогаш плажата би била чиста и пречиста во сите 365 дена од годината. Прекрасна идеа градоначалниче.

Константин – Благодарам Агроне. Дозволи ми да им се заблагодарам на сите добронамерни, и да ги повикам сите граѓани на нашата република, да дојдат и да уживаат во Охрид. Ова лето, Охрид ќе има посебна, пограѓанска и поеколошка понуда за сите посетители. Со нестрпливост очекуваме започнување на новата туристичка сезона. Дојдете, ќе бидете пријатно изненадени како никогаш до сега, ве чекаме спремни и посебно гостопримливи како никогаш до сега. Дојдете во вашиот Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот