Охрабрувачки истражувања за „Пирола“: Антителата создадени од инфекција или вакцини се доволни за заштита од нов вид на вирус

Ковид-19 коронавирус
Фото: Pexels

Прелиминарните истражувања покажаа дека антителата создадени како резултат на инфекција или вакцините против коронавирусот се доволни за заштита од новата варијанта на ковид БА.2.86, наречена „пирола“, објави американскиот Центар за контрола и превенција на болести.

Ова е спротивно на претходните проценки на Центарот од август 2022 година дека, во споредба со претходните, новата варијанта на коронавирусот може да предизвика инфекција во поголема мера кај граѓаните кои биле болни или вакцинирани.

Компанијата „Модерна“ објави дека нејзината вакцина придонесува за зголемување на антителата против мутираниот вид за 8,7 пати, пренесе „Гласот на Америка“.

Се очекува Управата за храна и лекови во наредните денови да одобри подобрени вакцини, кои треба да обезбедат заштита од новата варијанта на вирусот.

Прелиминарните податоци покажуваат дека перформансите на новите вакцини може да бидат охрабрувачки, соопшти Центарот за контрола и превенција на болести.

Агенцијата за јавно здравје објави дека новиот вид на ковид-19 не влијаел на зголемувањето на нови случаи и хоспитализации во САД.

Европа и Америка се „благо“ вознемирени поради новиот бран на ковид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот