Огромна суша во Каталонија: „Не се туширајте на базени и спортски објекти“

Фото: Pexels, Carlos Sedano

Владата на Каталонија побара од нејзините 7,5 милиони жители да не се тушираат во спортски сали, базени, фудбалски клубови и други спортски објекти бидејќи снабдувањето со вода драстично се намали во покраината во североисточна Шпанија поради големата суша.

Со оглед на тоа што со месеци не врне, количината на вода во акумулациите во Каталонија падна на 25 отсто од капацитетот, поради што беше одржан состанок на официјални лица. Плашејќи се дека јануари исто така може да биде сув, владата најави нови рестриктивни мерки, вклучително и штедење во спортските објекти во Барселона, Жирона и други места. Намалена е дозволената потрошувачка на вода од жителите од 230 на 210 литри дневно. Доколку нивото на водата падне на 16 отсто во акумулираните езера, од каде што водоводот ја испорачува водата до домаќинствата и индустријата, на жителите ќе им биде дозволено да трошат најмногу 200 литри дневно. Доколку нивото на водата продолжи да опаѓа, количината на дозволена потрошувачка ќе се спушти на 160 литри по лице, објави Хина.

Каталонија е еден од најтуристичките и најиндустриски богатите делови на Шпанија, па ваквите мерки би можеле да ги погодат локалните компании, но и земјоделците на кои им е потребна вода за нивните посеви. Претставниците на земјоделците и работодавачите бараат дополнителни количини вода да се пренасочат од еколошки заштитените реки, што ги загрижува организациите за заштита на животната средина. Каталонската влада размислува за увоз на вода со брод од други европски земји бидејќи околните автономни провинции исто така се соочуваат со суша, што веќе беше намерата во 2008 година за време на слична суша.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот