Ограничување на цената на рускиот гас е спротивно на интересите на Унгарија

EPA-EFE/Zoltan Balogh HUNGARY OUT

Предложеното ограничување на цената на рускиот гас е спротивно на интересите на Европа и Унгарија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто пред вонредниот состанок на министрите за енергетика на ЕУ.

„Планот со кој ќе се воведе ограничување на цената само за рускиот гас преку гасоводот е целосно против европските и унгарските интереси”, рече Сијарто во видео снимка на Фејсбук.

Тој додаде дека тоа веднаш ќе доведе до прекин на испораките на руски гас и дека „не е потребна Нобелова награда за да се сфати тоа”.

„Ова утро ќе дадеме се од себе за Брисел конечно да разбере дека снабдувањето со гас не е идеолошко ниту политичко прашање, туку физичка реалност”, рече Сијарто.

Чешка, која претседава со Унијата, соопшти дека се обидува да го отстрани од дневниот ред на денешниот состанок прашањето за ограничувањата на цената на рускиот гас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот