Ограбен 80-годишен маж во центарот на Скопје

Полиција / Фото: МИА

Осумдесетгодишен маж пријавил во полиција дека бил ограбен во центарот на Скопје, при што му ја одзеле чантата.

„На 13.12.2023 во 13.00 часот во СВР Скопје, С.Г.(80) од Скопје пријавил дека на 08.12.2023 околу 18.00 часот на подрачјето на Центар едно лице со употреба на сила му ја одзел чантата и го турнал. Според пријавеното, три лица, кои биле на местото, тргнале по лицето, по што тоа ја фрлило чантата“, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот