Официјално: Прекината сезоната во СЕХА лигата на неодредено време

фото: СЕХА

Извршниот комитет на регионалната СЕХА лига, одлучи да ја прекине сезоната поради руската воена инвазија врз Украина и неможноста на тимот на Мотор Запорожје да ги продолжи настапите.

Исто така проблем за лигата претставува е тоа што главен спонзор е рускиот нафтен гигант Газпром, а белорускиот шампион Мешков Брест требаше да се приклучи од втората фаза во натпреварувањето, па ИК донесе одлука да ја суспендира лигата.

„Извршниот комитет на СЕХА-лигата на состанокот одржан на 8 Март 2022 година донесе одлука сите натпревари за сезоната 2021/22 да бидат одложени на неодредено време“, стои на официјалната страница на СЕХА лигата.

И сезонава во СЕХА лигата настапуваат најдобрите две македонски екипи, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот