Официјално: Евертон доби нови сопственици од САД

фото: EPA-EFE/VINCE MIGNOTT

Англискиот фудбалски клуб Евертон дефинитивно ќе го смени сопственикот, откако е постигнат договор за преземање од страна на американскиот инвестициски фонд „777“ партнерс.

Досегашниот сопственик на премиерлигашот, Фархад Мошири се согласи да продаде 94% од акциите на фондот со седиште во Мајами. Со ова завршува ерата на британско-иранскиот бизнисмен, која започна во 2016 година.

Неговата ера не беше популарна кај навивачите на Евертон, што не е ни чудо со оглед на тоа што клубот бележи сè послаби резултати. А во последните сезони реалноста е борба за опстанок.

Со ова преземање половина од премиерлигашките клубови се сопственици од САД.

Фондот „777“ Партнерс под своја контрола ги има Севиља, Херта од Берлин, Стандард Лиеж, а купи и 45% од британската кошаркарска лига во 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот