Официјален Киев за говорот на Путин: Тој ја докажа својата збунетост и неважност

Михаило Подољак / Фото: ЕПА

Пристигна првата реакција на официјален Киев на денешниот говор на Путин за состојбата на нацијата, кој рускиот претседател го одржа пред рускиот парламент.

Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, се огласи на социјалните мрежи и објави дека Путин „ја покажал својата збунетост и неважност“ во денешниот говор.

„Путин јавно ја покажа својата збунетост и неважност. Тој нагласи дека Руската Федерација е „заглавена“, но тој нема решенија и нема да ги има. Затоа што насекаде има нацисти, марсовци и теоретичари на заговор“, најави Подољак.

Подољак во кратката изјава за Ројтерс го коментираше говорот на Путин: „Тој е во сосема поинаква реалност, во која нема можност за дијалог за правдата и меѓународното право“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот