Одрони на патот Македонска Каменица – Кочани

Одрони на патот Македонска Каменица - Кочани / Фото МИА

Поради големи одрони на патот Македонска Каменица – Кочани сообраќајот се одвива по една лента, информираа од подружницата на Македонија Пат.

На овој патен правец кој е дел од магистралата А3, утринава паднале поголеми одрони кои го попречиле целиот коловоз, но за среќа нема повредени лица и оштетени возила погодени од камењата, за МИА информираат возачи кои се наоѓале на местото на настанот кога паднале одроните.

Вордно, утринава влошена е состојбата и на регионалниот пат Делчево – Берово каде на дел од коловозите на оваа делница, паднати дрвја го попречуваат движењето на возилата. Таму од утрово со моторна механизација екипи на подружницата на Македонија Пат се вклучени во сечење и расчистување на паднатите дрвја.

Тие апелираат на овие делници да се вози крајно внимателно со почитување на сообраќајната сигнализација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот