Одрон на Филипините затрупа два автобуса, повредени 11 рудари

Свлечиште предизвикано од обилни дождови во јужна филипинска провинција затрупа два автобуса, при што беа повредени најмалку 11 лица, соопшти денеска агенцијата за катастрофи.

Свлечиштето се случило синоќа пред рудник за злато во градот Мако во провинцијата Давао де Оро каде автобуси ги земале вработените.

Повредените, меѓу кои и еден во критична состојба, се пренесени во болница, објави денеска агенцијата за катастрофи на градот Мако преку објава на Фејсбук.

Агенцијата за катастрофи издаде и наредба за евакуација на пет села во Мако, кој се наоѓа на островот Минданао. Во јужниот регион Минданао од 28 јануари до 2 февруари се случија смртоносни поплави и лизгање на земјиштето, според податоците на националната агенција за катастрофи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот