Одрон и на патот: Прекин на сообраќајот за товарни возила во близина на браната Калиманци

Одрон на пат, илустрација / Фото: МИА

Поради одрон на патниот правец Штип – Делчево, во близина на браната Калиманци, кај м.в. Драки сообраќајот е во прекин за товарни возила, соопштија од Автомото Сојузот на Македонија.

Поради одрон во прекин е сообраќајот и на патниот правец А3 (Кочани – М. Каменица), на делницата од Истибања до брана Калиманци, кај м.в. Ајдучки Камен.

За лесните возила сообраќајот се одвива по направена девијација, додека тешките товарни возила и автобуси се пренасочуваат на регионалниот патен правец Кочани – Бигла – Делчево.

Екипите на ЈП „Македонија пат“ работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот на овој патен правец. На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот