Одложен огнометот на Орбан поради погрешна временска прогноза, разрешени шефовите на метеоролошката служба

Виктор Орбан
Виктор Орбан / EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Унгарските власти ги разрешија шефовите на метеоролошката служба откако погрешно беше најавено лошо време, поради што големиот огномет беше одложен, јавува Би-би-си.

„Најголемиот огномет во Европа беше закажан за сабота навечер во Будимпешта, на Денот на Свети Стефан, националниот празник на Унгарија. Планирано беше да се испукаат 40 000 парчиња пиротехника од 240 точки на растојание од 5 километри долж Дунав. Но, седум часа пред почетокот на церемонијата, владата ја одложи свеченоста за следната недела поради лошите временски услови. На крајот времето остана стабилно, поради што беа сменети раководителот и заменик-раководителот на метеоролошката служба.

Метеоролошката служба се извини за погрешната прогноза, велејќи дека „најмалку веројатно“ сценарио се остварило и дека неизвесноста е составен дел на метеорологијата. Министерот за иновации, Ласло Палкович синоќа ги разреши челниците на таа установа, пишува Би-би-си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот