Одгледувачите на кока во Колумбија ги ослободија 180-те приведени војници

Колумбиски војници / Фото: Архива

Одгледувачите на кока во источниот дел на Колумбија ги ослободија 180-те војници, кои беа приведени во училиште во источна Колумбија, откако биле задолжени за искоренување на нејзините насади, соопштија синоќа локалните власти.

По преговорите со делегација на локалните власти производителите на кока го напуштија училиштето и ги ослободија војниците. За време на приведувањето тие не биле жртви на никаков облик на насилство, велат одгледувачите.

Колумбискиот претседател Иван Дуке изјави дека војниците се добро и дека покрај оружјето што не им било одземено, не сакале да влезат во вооружен конфликт со одгледувачите и со тоа покажале професионализам.

Во Колумбија често има судири меѓу производителите на кока и припадниците на безбедносните сили задолжени за уништување на овие култури.

Со рекордно производство од 1.010 тони во 2020 година, Колумбија останува водечки светски извозник на кокаин, главно во САД, земја која е главен потрошувач на дрогата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот